Модерните и елегантни кујни се во тренд. Тенките работни плочи внесуваат префинетост и одлични перформанси во секоја кујна. Во прилог Ви нудиме компакт и медијапански работни плочи.

Компакт работни плочи

Компакт плочите се произведуваат со поврзување на влакнесто јадро со декор фолија импрегнирана со меламинска смола, при висока температура на висок притисок и тие имаат повеќеслојна структура. 

Тенки работни плочи за елегантен дизајн I Инспирација

Карактеристики:

  • Многу се трајни благодарение на големата отпорност на абење и удари;
  • Ефект на тенок и елегантен изглед;
  • Отпорни се на влага, хигиенски и лесни за одржување;
  • Отпорни се на вообичаените средства за чистење и хемикалии;
  • Не е потребна завршна обработка на кантовите или површината.

Компакт работни плочи претставуваат комбинација од извонредна издржливост, отпорност на влага и елегантен изглед. Благодарејќи на јадрото во црна боја или боја ускладена со декорот се добива изглед на камена плоча.

Kujna
Kujna
Kujna
Kujna

Медијапански работни плочи

Работните површини во мат финиш се идеални за креирање на елегантен дизајн. Благодарејќи на Topmatt ламинатите тие се пријатни на допир, лесно се чистат и се многу отпорни. Одберете еднобоен црн или бел декор или во варијанта на црн или бел мермер.

Kujna
Kujna
Kujna
Kujna