Новата колекција Egger 24+ се истакнува со неодоливи структури и декори кои се идеално решение за вашите проекти.

Дрвените декори се елегантни, репродукцијата на камен нуди автентичност, металните и текстилните декори овозможуваат акцентирање, а уни декорите нудат ефективни опции за комбинирање. Новата колекција ви нуди многу нови трендови во внатрешното уредување.

Во продолжение ви претставуваме Топ 10 декори од новата колекција Egger 24+ кои се тренд во 2024 година.

Зелената боја ја претставува природата и одржливоста повеќе од која било друга. Во Биофилскиот дизајн (концепт на внатрешно уредување кое го зголемува присуството на природата во ентериерот.), во просториите се применуваат повеќе придушени зелени тонови, кои ја рефлектираат различноста на природата при комбинирње со различни природни материјали. U665 Stone Green е најмногу придушена од сите зелени тонови во новата колекција Egger 24+ и затоа изгледа поладно, повеќе е техничка и резервирана, затоа е и погодна за изработка на мебел со поголеми површини. Во комбинација со светло дрво изгледа природно, а при комбинација со бела и црна боја добива модерен изглед.

Зелената боја ја претставува природата и одржливоста повеќе од која било друга. Во Биофилскиот дизајн (концепт на внатрешно уредување кое го зголемува присуството на природата во ентериерот), во просториите се применуваат повеќе придушени зелени тонови, кои ја рефлектираат различноста на природата при комбинирње со различни природни материјали. Декорот U604 Reed Green е поладна варијанта на останатите зелени нијанси од колекцијата и може да биде безвременска во многу комбинации. Заедно со дрвени декори со средно до темно кафени природни тонови, изгледа многу природно и елегантно. Во комбинација со светли дрвени декори нуди освежувачка природност.

Декорот U740 Dark Taupe е нијанса од групата на топли сиви бои и е компатибилна со други декори. Тоа ја прави комбинацијата со црна да е многу повеќе хармонична. 

Декорот U702 Cashmere Grey е универзален и може да внесе топлина, но и апсолутна неутралност во секоја примена. Благо црвенкаста сива нијанса овозможува безвременска и хармонична комбинација со еднакво црвенкасти дрвени декори. Нијансирање со други топли сиви или бели тонови истовремено делува минималистички и пријатно.

Декорот е достапен како оплеменета иверка, оплеменет медијапан, работна плоча и ѕидна облога.

Одржливост, природност и квалитет на изработка се трендови со кои се одликува декорот F685 Acapulco. Во просторот делува модерно и воочливо и одлично се комбинира со зелени нијанси, растенија и автентични дрвени декори. Овој декор делува грубо и елегантно и може да се применува во сите аспекти во внатрешното уредување.

Природен изглед на мермер со изразени линии во топло сива боја која хармонично се комбинира со дрвени декори. Се карактеризира со кристалност на материјалот со нагласена бела подлога и посебно е ефектна на големи површини.

Декорот е достапен како оплеменета иверка, работна плоча и ѕидна облога.

Декорот H1181 Tobacco Halifax Oak е погоден за комбинирање со бели, светлосиви и беж нијанси. Тој плени со своите пукнатини и годови и го исполнува секој простор со природност и автентичност. Одлично изгледа во комбинација со модерни материјали како метал, стакло и камен. Темните пукнатини изгледаат осебено добро во комбинација со црни тонови или “скоро црни” декори.

Декорот е достапен како оплеменета иверка и работна плоча.

Темно кафената боја на декорот H3180 Brown Halifax Oak потсетува на колонијалниот стил. Може одлично да се комбинира со популарната црна, пред сè поради темните пукнатини кои се карактеристични за декорот Halifax Oak. Природен изглед на дрвени пори, пријатен на допир и не остава отпечатоци од прсти  што го прави погоден за примена во јавни објекти.

Рустичниот изглед на декорот H1318 Natural Wild Oak е креиран благодарејќи на впечатливите темни годови и природниот тон на бојата. Природната нијанса на бојата овозможува комбинација со многу репродукциски материјали и уни декори, а особено модерно изгледа со црни акценти.

Декорот е достапен како оплеменета иверка, работна плоча и ѕидна облога.

Декорот H3303 Natural Hamilton Oak е автентичен даб со изразени годови во класичен природен колорит. Во дизајнот на мебел често се комбинира како смирена спротивна боја на белата или модерни песочни тонови. Добро изгледа на големи површини во уредувањето на ентериерот.

Декорот е достапен како оплеменета иверка, работна плоча и ѕидна облога.


Посетете го изложбениот салон на Новомак или погледнете ја целосната колеција на декори EGGER 24+ онлјан.