Кога станува збор за ножевите, лажиците и тавите кои ги употребуваме за готвење најдобро е да ги чуваме близу едни до други и помеѓу зоната каде што готвиме и зоната каде го складираме отпадот.
Исто така истражувањата покажуваат на тоа дека маслото за јадење и зачините најдобро е да стојат во вагонетка или во висока фиока, но под работната плоча. За разлика од тоа често во нашите домакинства зачините ги чуваме во висечките елементи.
Во горните полици како најпрактично се покажало дека е чувањето на приборот за јадење, додека во истата колона надоле идат поголемите кујнски елементи па доколку сме во можност добра пракса е тука да ги чуваме и тавите.