Edge straight

Новомак ја збогати својата колекција со нови рачки за гардеробери. Тие ги истакнуваат вертикалните линии на високите фронтови, а притоа нудат голема функционалност. Овие рачки пленат со својот дискретен дизајн, но во комбинација со различни бои може да дојдат до израз.

Рачка Elan

Elan е карактеристична елегантна рачка со фини затворени линии. Деликатен баланс помеѓу функционалност и комплетен стилски израз, кадешто дизајнот е дефиниран од деталите на заоблените рабови и прекрасниот финиш.

Elan
Elan

златна

Elan

инокс

Elan

црна мат

Рачка Big Bar

Оваа рачка, како што името имплицира, е голема и го истакнува дизајнот кој е едноставен и со префинети детали. Благодарејќи на едноставните линии и минималистичкиот дизајн Big Bar дискретно се вклопува во ентериерот.

Рачката Big Bar овозможува да се исече на димензија по Ваша желба (максимална должина 1200mm), при што задолжително мора да се постават продолжеток и завршеток. Со употреба на продолжетокот се добива поголема стабилност на рачката.

Big Bar
Big Bar vs Regular 2 Bar

Рачка Regular 2 Bar

Рачка која одлично се вклопува во индустрискиот стил на уредување со дизајн инспириран од алати и машини.

Рачката Regular 2 Bar овозможува да се исече на димензија по Ваша желба (максимална должина 800mm), при што задолжително мора да се постават продолжеток и завршеток. Со употреба на продолжетокот се добива поголема стабилност на рачката.

Regular 2 bar

Рачка Mango L

Mango L е практична рачка која лесно се вклопува во ентериерот. Таа плени со својот дискретен дизајн, но во комбинација со различни бои лесно може да дојде до израз.

Mango L
Mango L
Mango L

Рачка Edge Straight

Edge Straight е инспирирана од желбата да се создаде врвна профил рачка. Таа има безвременска елегантност и одлична функционалност.

Рачката Edge Straight има можност за прицврстување на повеќе места.

Edge Straight
Edge Straight
Edge Straight
Edge Straight
Edge Straight