Tandem корпа

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ?

Истражувањата покажале дека елементот со корпа за отпадоци го отвораме најмалку 35 пати во денот. Во време на пандемија и корона вирус од клучно значење за нашето здравје е што повеќе да внимаваме на хигиената во сите простории, како во домот така и во јавните објекти. Затоа Новомак Ви нуди антибактериска корпа за отпадоци која уништува над 50 видови на бактерии и има антибактериска заштита и по 15 години користење !

Повеќе хигиена во сите простории !

Со Tandem AntiBak корпата за отпадоци намалете го развојот на бактериите до 99,9 %, благодарејќи на иновативната структура со сребрени јони. Активниот антибактериски агенс осигурува дека и по многу години користење таа ќе има антимикробна заштита.

Идеална е за користење во домот, болници, лаборатории, ординации, училишта, канцеларии и простории кои бараат построги хигиенски услови.

Корпата може да се вгради во сите елементи со минимална ширина од 300mm. Телескопските лизгачи со целосно извлекување овозможуваат лесно ракување со корпата. Таа содржи капак кој што спречува ширење на миризби и 2 корпи со капцитет од 15L кои лесно може да се извадат и измијат.

антибактериска корпа за отпадоци
  • Во сетот е вклучен: Механизам со целосно извлекување.
  • Тип на отворање: Корпата се извлекува независно од фронтот на елементот.
  • Целосна антибактериска заштита и по 15 години користење.
  • Материјалот е тестиран на повеќе од 50 видови на бактерии.
  • ISO 22196 сертификат за ефективност.
korpa za otpadoci
tehnicki informacii