Лизгачки системи за гардеробер – совршено решение кое завзема се поголем простор во модерните стамбени и деловни простории. Популарноста на овие решенија расте поради можноста за нивна широка употреба. Може да се користат во спална, кујна, ходник и бањата. Нивна голема предност е тоа што максимално се користи порсторот, можат да бидат истовремено и врата и огледало, изгледаат елегантно и не зафаќаат дополнителен простор. Токму затоа во Новомак неуморно се носат производи кои ќе Ви помогнат да ги реализирате сите идеи преку создавање практичен мебел.

Пронајдете инспирација во нашите предлози

За да бидете сигурни дека Вашиот плакар ќе трае, Ви предлагаме да ги искористите Sevrol профилите за лизгалки врати, без оглед на тоа дали станува збор за нов вградлив плакар, или менувате врати на веќе постоечки плакар. 

Кој оков Ви е потребен за плакар со 2 врати ?