Организацијата на работниот простор и уредувањето на канцеларијата се многу важен дел за успешно завршување на предвидените обврски. Затоа е потребно да може добро да се заврши делот при самото организирање на просторот и со тоа да може да се имаат најдобрите услови за завршување на задачите.
Експертите велат дека правилната висина на масата се одредува според позиционирањето на телото. Во седечка положба рацете треба да бидат свиткани во лактите и да ја допираат масата. Рамената треба да ви бидат опуштени, додека нозете би требало да ви бидат свиткани под агол од 90 степени така што стапалата би биле на подот.
Воедно при изборот на работното биро треба да се има предвид фактот дека треба да биде обезбедено растојание од 30 сантиметри до книгите што ги читате или тетратките во кои запишувате. Растојанието до мониторот треба да биде 50 сантиметри.

Овие маси кои имаат ногарки со електрично подесување се препорачливи кај лицата кои главно се поголем дел од времето пред компјутер. Со оглед на тоа што се подесуваат и овозможуваат промена на позицијата при работа (овозможуваат да се работи и во стоечка положба) на некој начин тоа дава можност за одредено раздвижување на телото.
Од здравствен аспект има големо влијание. Лекарските тимови во истражувањата ги прецираат седумте здравствени придобивки од промената на позицијата во која се наоѓа телото при работа односно комбинираната работа во стоечка и седечка позиција. Овие седум придобивки се:
– Се согоруваат калории;
– Се зголемува енергијата;
– Го подобрува држењето на телото;
– Ја намалува болката во грбот;
– Помага при намалување на болки во зглобовите;
– Ја одржува циркулацијата;
– Го подобрува вашето расположение и фокус.

Канцелариските ногарки за работни бироа, кои имаат електрично подесување се одлично решение за да нема потреба да купувате биро според претходно утврдени мерки, кое во одреден период би можело да стане нефункционално доколку дојде до промена на корисникот на истото.
Подесувањето може да се прави во распон од 625 до 1280mm што остава простор за поголем избор на висина. Контролерот кој се наоѓа на самата маса има четири мемории за подесување на висината така што можете да ги меморирате и да ги имате како избор со едно притискање на некоја од бројките и да можете да ги одберете набрзина.

Овие бироа се доста практични бидејќи може да се подесат според висината на вработените. Овозможуваат работа во седечка, но и во стоечка положба. Во понудата на Новомак можете да ги најдете во три различни бои: бела, сива и црна. Еден сет се состои од две ногарки и телескопска поврзувачка греда.
Овие маси кои имаат ногарки со електрично подесување се препорачливи кај лицата кои главно се поголем дел од времето пред компјутер. Со оглед на тоа што се подесуваат и овозможуваат промена на позицијата при работа (овозможуваат да се работи и во стоечка положба) на некој начин тоа дава можност за одредено раздвижување на телото.