Златната боја асоцира на луксуз. Па затоа често луѓето сакајќи да покажат дека имаат добар стил се одлучуваат да ја искористат златната боја во декорирањето.
Но внимавајте ! Тоа може да доведе до спротивен ефект и просторот да изгледа кичест и пренатрупан.
Како е најдобро да ја комбинираме златната боја?
Често пати златната боја се комбинира со црвено, сребрено, бело. Но, дефинитивно последниот тренд на комбинација на златна и црна боја мене лично ми е омилен. Комбинација на луксуз, гламур, елеганција.
Доколку веќе имате декорации кои во оваа комбинација споделете ги со нашите читатели.