Полека ја испраќаме 2023 година со многу нови перспективи, нови светски брендови и ентузијазам во новата година која ќе ни донесе нови радости.
Во продолжение правиме ретроспектива на настани и моменти кои што ја одбележаа изминатата 2023 година во Новомак.

Нови светски брендови во оделот за оков

Во тековната 2023 година Новомак го збогати својот асортиман со уште неколку реномирани светски брендови:

>>>  Посетете го нашиот изложбен салон или погледнете ја целосната понуда ТУКА.

Посета на саеми и презентации на кои присуствуваше дел од тимот на Новомак

Новомак секогаш ги прати и е во тек со светските трендови во индустријата на мебелот и присуствува на најголемите саеми и презентации на репроматеријали и оков за мебел.

Посета на најголемиот саем за мебел Interzum 2023 во Келн, Германија, саемот понуди многу нови трендови и иновации на добавувачи за индустријата за мебел и внатрешен дизајн на простори за живеење и работа. На секои две години, најголемите компании во индустријата се собираат во Interzum, оваа година повеќе од 1.800 меѓународни изложувачи од 60 земји ги презентираа своите производи и услуги.

Фото импресии од саемот Interzum 2023 во Келн, Германија I Инспирација

Во октомври го посетивме и саемот за репроматеријали и оков SICAM во Порденоне, Италија. Повеќе од 653 компании од 115 земји ширум светот беа дел од овој саем кој понуди многу нови деловни и креативни перспективи. Оваа година бројката надмина над 13.000 посетители.

Фото импресии од саемот Sikam 2023 во Порденоне, Италија I Инспирација
Фото импресии од саемот Sikam 2023 во Порденоне, Италија I Инспирација
Фото импресии од саемот Sikam 2023 во Порденоне, Италија I Инспирација

Во Австрија секоја година се одржува официјална презентација на новa колекција на Egger. На презентацијата присуствуваше и дел од тимот на Новомак чија специјалност се плочестите материјали, по успешно завршената презентација нашата компанија се стекна со сертификат.

Посета и презентација на новaта колекција на Egger I Инспирација
Посета и презентација на новaта колекција на Egger I Инспирација
Посета и презентација на новaта колекција на Egger I Инспирација
Посета и презентација на новaта колекција на Egger I Инспирација

Клиентите се наш приоритет, затоа ние секогаш се стремиме кон континуирано подобрување и усовршување на вработените за да понудиме професионална и квалитетна услуга. Оваа година нашите комерцијалисти успешно ги поминаа обуките со што се стекнаа со сертификат од швајцарскиот бренд Lamello.

Kомерцијалисти на Новомак на обука во швајцарскиот бренд Lamello I Инспирација
Kомерцијалисти на Новомак на обука во швајцарскиот бренд Lamello I Инспирација
Kомерцијалисти на Новомак на обука во швајцарскиот бренд Lamello I Инспирација

Информативни презентации

Оваа година нашата компанија ја посетија голем број на соработници и добавувачи кои ги презентираа своите новитети и продукти. За време на овие презентации нашите вработени добија многу корисни и стручни совети. Наши гости беа претставници од компаниите: Hogert, Schock, Spax, Fischer, Nobili, GTV и др.

Информативни презентации брендови во 2023 годинаI Инспирација

Континуирна поддршка и соработка со студентите од Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер

Како посебно драга би сакале да ја издвоиме и посетата на студенти од Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер кои беа пречекани во изложбениот салон на Новомак од страна на продукт менаџерите кои подетално ги запознаа студентите со компонентите за изработка на мебел по мерка, студентите имаа можност да се вклучат интерактивно во презентацијата и да постават свои прашања, како и да дадат свои размислувања и коментари во однос на темите кои беа дискутирани.

Посета на студентите од Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер I Инспирација
Посета на студентите од Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер I Инспирација
Посета на студентите од Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер I Инспирација

Сигурно нешто заборавивме, ама листата е долга, како што и годинава беше долга исполнета со многу новитети и незаборавни моменти.