Модерна, комотна, забавна
Секој родител цели кон овие три работи при изработка на мебелот за своите деца. Покрај ова ќе Ве советуваме и на кои други работи треба да обрнете внимание – избор на материјали и бои, искористување на просторот, одбирање на тематска соба. Новомак Ви нуди голем избор на плочести производи во различни структури и вискоквалитетен оков за изработка на мебел.
1. Избор на бои
При изборот на палета на бои ве советуваме да користите неутрални бои во комбинација со дрвни декори. Можете да користите бели, светло сиви или кремасти декори кои одлично се вклопуваат во комбинација со дрвни декори. Исто така можете да користите и разиграни весели бои кои совршено се вколпуваат во детската соба, но имајте предвид дека тие ќе треба да се заменат кога детето ќе порасне.
2. Користење на простор
Организирањето во детската соба често пати знае да биде предизвикувачка работа. Често пати се прашувате каде да ги чувате книгите, играчките и облеката. Мислете вертикално! Полиците се идеален простор за чување на книгите.
Играчките често знаат да бидат проблем за складирање. Вашето дете заслужува модерна кутија каде ќе си чува играчките.
Заштедете простор – изработете кревет со фиоки. Употребете го паметно просторот под креветот кадешто може да се користи за чување на облеката, училишен прибор или играчки.
3. Избор на вистинските материјали за во детска соба
Направете го правиот избор на материјали ! Избегнувајте кршливи материјали како стакло и користете оплеменети иверки, медијапан, масивно дрво или шпер плоча, јаки и цврсти материјали кои траат.
4. Изберете тема
Одлучете се за тематска соба. Одберете тема според бои кои што се комбинираат, според омилениот цртан филм или според омилениот херој на Вашето дете.