Без разлика дали сакате да постигнете чувство на елеганција и комфор или впечаток на ексклузивност – PerfectSense плени со своето визуелно совршенство и посебна тактилност. Покрај добро познатите уни декори во сјајна и мат варијанта, новата колекција сега вклучува и репродукции на материјали пред се бетон и мермер, со бисерен ефект. Овој ефект особено ја нагласува убавината на одредени сјај и мат декори.

PerfectSense Gloss – сјајни панели

Со својот ненадминат сјај, PerfectSense Gloss создава чувство на ексклузивност и претставува чист луксуз. Поради високиот сјај и одразот на овие панели, просториите изгледаат посветли и попространи.

PerfectSense Matt – мат панели

Со својата мат површина, PerfectSense Мat совршено се вклопува во трендот. Благодарение на висококвалитетните завршни слоеви овие панели се отпорни на отпечатоци од прсти, па Ви дозволуваат да ги поставите и на големи површини и како фронтови без вратички.

За секој декор на медијапаните има соодветна ABS трака. Но, покрај класичните траки оваа колекција на медијапани има и соодветни двобојни Doppia траки кои Ви овозможуваат да го однесете проектот на едно повисоко ниво.