Во овој пост ќе Ви посочам неколку идеи како може да направите минимални новогодишни декори користејќи ресурси од природата.Всушност се што ќе Ви треба се неколку гранки од зимзелено дрво и врвка која ќе одговара со остатокот од просторијата.

Бидете оригинални

Овој тип на Новогодишен венец не само што изгледа прекрасно туку и мириса неодоливо, па не сте ограничени истиот да го поставите пред надворешната врата. Напротив. Оваа година бидете смели и внесете ги венците во домот.

Исто така доколку имате можност и повеќе гранки можете да ги искористите да ја декорирате и трпезата или комодата. 

Искористете ги празниците да за ја покажете својата креативност и да го разиграте празничниот дух. При прва прилика појдете во природа, земете неколку гранки, неколку шишарки и направете си ја сопствената бајка.