Кога за прв пат ќе се сретнете со некого, ќе видите зграда или ќе влезете во просторија, едно е сигурно: првиот впечаток е важен! Додека екстериерот на зградата веќе го формира вашето лично мислење дури пред да влезете во неа, атрактивно уредените ентериери исто така придонесуваат за создавање на пријатна и комфорна атмосфера. Со индивидуалното печатење, Fundermax им нуди на клиентите можности да создадат прилагодени, ексклузивни дизајни што одговараат на нивните потреби и идеи, и тоа со највисоки стандарди на квалитет. 

Производството на индивидуално печатените панели на Fundermax започнува со природни целулозни влакна, главно добиени од дрво. По преработката на овие влакна во крафт хартија, слоевите се импрегнираат со патентирана фенолна смола. Потоа, под висока температура и притисок, се формира јадрото на таблата, кое овозможува квалитет и издржливост. Завршниот процес на печатење ја претвора оваа табла во вистинско уметничко дело. Со печатење на уникатни дизајни од едната страна и стандардна боја од другата, овие панели нудат бескрајни можности за персонализација


 

Прецизност и долготрајност

 

 


Секој дизајн на клиентите се чува дигитално во текот на десетгодишната гаранција, овозможувајќи лесно повторно принтање доколку има потреба од тоа. Прецизноста е од суштинско значење, па така Fundermax центарот за индивидуален декор осигурува дека секоја слика е остро и точно пресликана, создавајќи впечаток кој привлекува внимание. Оваа внимателност во деталите е клучна за да се направи дизајн кој ќе остави траен впечаток.


 

Предности на индивидуалното печатење

 

 


Индивидуалното печатење не само што е декоративно, туку е и суштинско средство за пренесување на бренд идентитетот на компаниите. Од фасади на објекти и внатрешни ѕидови до мебел и знаци во канцеларии, аеродроми и јавни простори, индивидуалното печатење на Fundermax панелите им помага на брендовите да ја создадат и одржат својата естетика. 

Бојата, која игра огромна улога во брендирањето, со индивидуалното печатење станува средство за поттикнување на одредени чувства и размислувања кај корисниците. Панелите се отпорни на сонце, влага и температурни промени, практични се за одржување, што е особено важно за делови и јавни простори кои барат функционални и хигиенски решенија.


 

Креативност 

 


Со индивидуално печатените панели, Fundermax им овозможува на дизајнерите и архитектите неограничена креативност. Декори кои се совршено прилагодени на проекти за училишта, лаборатории, канцеларии или јавни простори може да ја зајакнат атмосферата и да создадат пријатно и инспиративно окружување. 

Дизајните може да се персонализираат до најситните детали, со што секој проект добива посебен идентитет. Индивидуалното печатење им овозможува на клиентите да играат со изборот на боја и текстура за да остават посакуван впечаток.



Апликации на индивидуалното печатење на Fundermax

 

 


Благодарение на широката палета на HPL (ламинирани) и Max Compact панели, индивидуалното печатење може да се примени на бројни начини:

Уникатен начин да се персонализираат мебел и ѕидови во канцеларии, училишта, лаборатории и јавни простори.

Овозможува создавање на импресивни екстериери со висок квалитет и издржливост.

Како што се училишта, фитнес зони, детски клубови – сите може да имаат свои уникатни дизајни што ја зголемуваат атрактивноста на просторот.

 

ЗА ВАС ДА КРЕИРАТЕ!

Индивидуалното печатење на Fundermax отвора врата за сите оние што сакаат да го изразат својот стил и визија преку уникатни дизајни.
Дали сте подготвени да го промените начинот на кој го доживувате просторот? Дозволете Новомак да бидат вашиот партнер во креирањето на вистински уникатен изглед. За сите подетaлни информации посетете го нашиот изложбен салон или закажете средба со нашите експерти за плочест материјал.

Твој простор. Твој изглед. Твој дизајн. Уникатен израз на креативност и идентитет!