Најголем проблем со кој се соочуваме е дека немаме што да облечеме. А, втор проблем е што немаме простор за новата облека 🙂
Стручните организатори за гардеробер ја откриваат тајната како да добиеме простор и за новите џемпери оваа сезона. Воедно она што ни овозможува да добиеме дури 50% повеќе складишен простор е вертикалното подредување на облеката.
За да може да го изведете овој начин на складирање потребно е да ги замените класичните рафтови во плакарот со ниски фиоки. На овој начин имате пристап и прегледност на целиот простор па лесно може да ја извадите и облеката која е поставена најдлабоко во фиоката.
Вертикалното складирање на облеката е посебно практично за алишта на мали деца.