Libra е семејство на држачи за висечки елементи, замислен да ги задоволи сите потреби на купувачот. Држачите Либра се поставуваат на задниот панел од елементот, со оставени видливи мали делови во внатрешноста на кабинетот коишто се покриени со капаци. Libra е цврсто, издржливо и многу сигурно решение, има челично тело обложено со цинк поради кое е посилно.
Libra H1 е универзален држач за висечки елементи кој што се монтира само со 3 шрафа, се препорачува шраф Ø 3,5×20 mm. Отворите на држачите каде што се шрафи се соодветни за PZ2 шрафцигер.
Носивност на еден држач е 75килограми, меѓутоа за еден елемент се потребни два држачи, што значи дека тежината на елементот треба да е максимум 150 килограми.
Со овој држач Ви се овозможува да ги искористите максимално ѕидовите и да поставите елементи насекаде дури и над кревететот како би добиле дополнителен складишен простор.
Исто така може да поставите и висечки елементи над вратата во ходникот. Идеално место за јакните на кои не им е сезона. Конечно може да се раскомотите. Нели ?