Кога мислам на луксуз, мислам на Cleaf.

Cleaf е италијанска компанија која продуцира иновативни површини и решенија за мебел и индустријата за ентериери. Оплементи иверки, ламинати и кант траки ексклузивно се произведуваат во Брианца кои се користат ширум светот од архитекти и компании за внатрешно уредување. 

Луксуз во срцето на Новомак - Cleaf | Инспирација

Cleaf е висококвалитетна иверка која е завршена со меламинска хартија подебела од стандардната, а нивните декори ќе внесат вистински луксуз, богатство и гламур во секој ентериер. Освен што е привлечен секој декор на изглед, она што всушност ве тера да се вљубите во Cleaf е првиот допир. Не е стандардна иверка од меламин, туку термо структурирана површина која е пријатна на допир.

Површина со силен тактилен ефект

Cleaf нуди природни текстури со соодветни тактилни квалитети. Cleaf се залага за квалитет произведен во Италија – што е синоним за големо знаење во однос на материјалот, дизајнот и изработката.

Луксуз во срцето на Новомак - Cleaf | Инспирација

Сите структури во колекцијата црпат инспирација од реалноста. Шкотскиот бор, брестот и смреката служат како природни модели за структурите Yosemite, Fronda, Millennium и Okobo, од кои сите изложуваат површини кои се синхрони со украсните слики. Mosaiko и Cheope постигнуваат впечатливи визуелни ефекти преку графичкиот дизајн.

Cleaf има глобално присуство, со продажба во над 90 земји во светот. Компанијата има тим од експерти кои работат на развој на нови производи и решенија за задоволување на потребите на клиентите и следење на трендовите во индустријата.

Луксуз во срцето на Новомак - Cleaf | Инспирација
Луксуз во срцето на Новомак - Cleaf | Инспирација

Cleaf е бренд кој комбинира квалитет, иновација и дизајн за да создаде уникатни и функционални решенија за внатрешно уредување. Нивните производи се достапни ширум светот и се идеален избор за оние кои го сакаат најдоброто за својот дом или деловен простор.