Организацијата на работниот простор и уредувањето на канцеларијата се многу важен дел за успешно завршување на предвидените обврски. Затоа е потребно да може добро да се заврши делот при самото организирање на просторот и со тоа да може да се имаат најдобрите услови за завршување на работните задачи.

Правилната висина на масата се одредува според позиционирањето на телото. Во седечка положба рацете треба да бидат свиткани во лактите и да ја допираат масата. Рамената треба да ви бидат опуштени, додека нозете би требало да ви бидат свиткани под агол од 90 степени така што стапалата би биле на подот.

Воедно при изборот на работното биро треба да се има предвид фактот дека треба да биде обезбедено растојание од 30 сантиметри до книгите што ги читате или тетратките во кои запишувате. Растојанието до мониторот треба да биде 50 сантиметри.

Овие бироа кои имаат ногарки со електрично подесување на висината се препорачливи кај лицата кои главно поголем дел од времето го поминуваат пред компјутер. Со оглед на тоа што се подесуваат и овозможуваат промена на позицијата при работа (овозможуваат да се работи и во стоечка положба) на некој начин тоа дава можност за одредено раздвижување на телото.

Ногарки со електрично подесување на висината имааат големо влијание од здраствен аспект. Лекарските тимови во голем број на истражувања посочуваат низа на придобивки од промената на позицијата во која се наоѓа телото при работа односно комбинираната работа во стоечка и седечка позиција. Ќе издвоиме дел од овие придобивки:

  • Се согоруваат калории;
  • Се зголемува енергијата;
  • Го подобрува држењето на телото;
  • Ја намалува болката во грбот;
  • Помага при намалување на болки во зглобовите;
  • Ја одржува циркулацијата;
  • Го подобрува вашето расположение и фокус.

Канцелариските ногарки за работни бироа, кои имаат електрично подесување се одлично решение. Со тоа ќе ја избегните потребата да купувате биро според претходно утврдени мерки.

Strong ногарка со електрично подесување на висина, бела I Новомак

Подесувањето може да се прави во распон од 625 до 1280mm што остава простор за поголем избор на висина. Контролерот кој се наоѓа на самата маса има четири мемории за подесување на висината така што можете да ги меморирате и да ги имате како избор со едно притискање на некоја од бројките и да можете да ги одберете набрзина.

Овие бироа се доста практични бидејќи може да се подесат според висината на вработените. Овозможуваат работа во седечка, но и во стоечка положба. Еден сет се состои од две ногарки и телескопска поврзувачка греда. Во понудата на Новомак можете да ги пронајдете во три различни бои: бела, сива и црна.