Денешните кујни се многу повеќе од само простор за готвење.
Кујната е просторија во која се поминува најмногу време и би требало да биде пријатно уредена. Без разлика на тоа со колкав простор располагате, можно е да го направите удобно катче во кое може да ги покажете вашите кулинарски способности.

 

При планирање на кујнскиот простор, главно место завзема функционалноста, што лесно може да се искомбинира со модерни и минималистички дизајни и организирано користење на мебелот.
Да се комбинира просторот за готвење, просторот за припремање со просторот за јадење и уживање во една целина е предизвик кој бара да го изберете вистинскиот распоред. Дури и доколку станува збор за многу мала кујна со правилен избор ќе имате место да уживате во чаша вино и трач со пријателите додека ја припремате закуската. Запамтете дека добриот распоред ќе Ви дозволи движење низ просторот и се да ви биде при рака.
Како што предходно е спомнато секогаш започнете со дефинирање на позицијата на садоперот. Од тука продолжуваме со кујнскиот тријаголник кој е клучен за целиот распоред и функционалност.
Освен садоперот во кујнскиот тријаголник влегуваат и фрижидерот и шпоретот.
Правилото на кујнскиот триаголник е развиено на почетокот на минатиот век од страна на германскиот архитект Грета Лихотски. Според ова правило дури и во малата кујна главните елементи (шпорет, фрижидер и садопер) треба да се наоѓаат на врвот на триаголникот.

 

Резултат со слика за kitchen triangle

 

Притоа должината на една страна да не е повеќе од 2 м. Оној кој се наоѓа на една од работните точки, лесно може да премине кон следната, да се сврти, да се движи без тешкотии.
Плотната пожелно е да биде одвоена барем 40 см од садоперот.
На тој начин имаме слободен работен простор меѓу садоперот и плотната, што е добро да се случај меѓу сите овие елементи.
Не е пожелно да ставите голем фрижидер така што работната површина би била поделена на делови. Исклучок може да биде фрижидер чија висина Ви овозможува да го сместите под работната плоча.
Ист е случајот и со останатите високи елементи како вагонетки и високи шкафови . Нив сместете ги на крај од работната плоча, за да не го прекинувате текот на работата.
Она што не смеете да го заборавите е да не го ставате фрижидерот во непосредна близина на шпоретот, затоа што се губи енергетската ефикасност и пред се ефикасноста и трајноста на самиот фрижидер.

 

Фрижидерот и шпоретот држете ги одвоени!