За да може еден простор да стане компактна целина, потребно е да носи личен печат и да ги отслика луѓето кои живеат во него.

Изборот на вистинските материјали за вашиот дом не треба да биде избрзана одлука. Сакате нешто што изгледа добро, а исто така практично и долготрајно. Новомак нуди широк асортиман на материјали за да ги задоволи најуникатните барања, но пред да се упатите во нашиот изложбениот салон, може да биде корисно да си ги поставите овие прашања:

  • Како сакате да изгледа вашиот дом, што одговара најмногу на вашиот животен стил?
  • Сакате ентериер во кој ќе уживате долги години или сте повеќе склони кон чести промени?
    (Ова во голема мера ќе влијае на изборот на материјали и парчиња мебел)
  • Ви треба ли повеќе простор за складирање или не?

Некои од нашите најдобри избори за фактори кои можат да помогнат во процесот на избор на материјали за дизајнирање на вашиот дом се:

  • Долготрајност – за да се осигурате дека изработката на материјалите на мебел по мерка ќе издржат на тестот на времето додека вие и вашето семејство го користите секојдневно.
  • Функционалност –мебелот по мерка треба да одговара на вашиот животен стил и да ви помогне да ги правите работите подобро, со поголема леснотија и без компликации.
  • Убавина – добриот дизајн освен што води сметка за убав изглед, треба да предвиди и добар избор и распоред на елементите и оковот вграден во нив.

Откако ќе размислите за потребите и ќе ги дефинирате функциите на просторот преминете на конкретно планирање.

Нашиот професионален тим може да ви помогне како да ги изберете вистинските материјали за мебел по мерка во вашиот дом и да се погрижи секој аспект во домот да Ви се надополнува еден со друг за да создадете хармоничен простор.

Ви посакуваме успешно, возбудливо и креативно доживување во создавањето на вашиот дом.