Нова година. Празничната еуфорија е тука.
Последниве неколку години се поголем замав земаат креативните зафати каде секој си ги покажува своите вештини. Доколку Ви е здосадено да китите елка погледнете го овој прилог кој ќе Ви помогне сами да направите елка соодветна на Вашиот стил и простор.
Модерна црна Скандинавска елка
Модерна и едноставна за правење. За оваа елка не ви треба многу време, ниту па ресурси.
Минималистичка убавица
Оваа елка ќе им се допадне на сите минималисти тука. Разубавете го просторот со 3 чекори.
Елка која лебди
Тип на елка која дефинитивно буди импресии и тера да направиш фотка од неа. Лебдечките елки се прекрасни кога же се остават подароци под нив или кога ќе се насочи светло од доле кон врвот.
Елка од сијалички
Доколку имате остаток на иверка или медијапан еве едно креативно решение како тоа може да се искористи. Се што дополнително Ви е потребно е еден пар сијалички.
Уживајте во креативноста и не заборавајте да ги споделите Вашите елки. Ве очекуваме.